Code de conduite Macedonian 2023
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
На пример:
На пример:
УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ, ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА И ПРОПИСИТЕ
Штотуку бев унапреден на нова работна позиција. Моето ново работно место опфаќа управување аеродромска активност која обезбедува пристапност на патниците, а мојот тим само што ме извести дека мора да се придржуваме до конкретна регулатива што не ми е позната.
Менаџер сум на Одделот за обезбедување на терминал. Јавен службеник ме извести дека моите процедури за работа мора да им овозможат на државните агенти да поминат на пунктот за безбедносна проверка врз основа само на нивната униформа и без да покажат значка. Иако не можам на најдам нешто поврзано со ова во применливите регулативи, постапив согласно барањето бидејќи сепак доаѓа од еден од владините оддели.
Етиката е во тесна врска со усогласеноста со законските одредби, правната регулатива и прописите. Секој вработен мора постојано да биде сигурен дека стриктно се придржува кон законските одредби, правната регулатива и прописите, како и кон какви било договорни обврски што произлегуваат во текот на нивното работење.
Како да постапам?
Треба да разговараш за ситуацијата со твојот Менаџер и да побараш од Правниот Оддел да ти ги обезбеди потребните информации.
Дали мојата одлука е исправна?
ЗАКОНИ, ПРАВНА РЕГУЛАТИВА И ПРОПИСИ
Доколку овој тип на исклучок не е предвиден со закон, јавниот службеник не е овластен да го бара тоа. Постапувањето согласно барањето на службеникот го прекршува законот и ја загрозува компанијата. Треба да се обратите до Правниот Оддел, каде може да добиете информација дали постои таква законска одредба и каде може да ви помогнат да подготвите одговор за службеникот што го поднел барањето.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
Разговарајте со вашиот Менаџер за познавањето на правните работи и аспекти потребни за вашата работна позиција. Ако е потребно за вашата работна позиција, научете ги барем основите на релевантните законски одредби и правни регулативи. Користете ја правната алатка за мониторинг на вашата компанија, доколку е достапна, и/или консултирајте се со Правниот Оддел Придржувајте се до применливите делегирани работи. Доколку во прашање е законитоста на документот, следете ги процедурите: Разговарајте за проблемот со вашиот Менаџер и колегите од вашиот оддел. Во зависност од проблемот, контактирајте го Правниот Оддел, Офицерот за Етика и Усогласеност на Групацијата и/или Менаџерот за човечки ресурси. БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
ПРЕДНОСТИ Усогласеноста со
ФОКУС: МЕЃУНАРОДНИ САНКЦИИ
регулативата овозможува ефективно управување со ризикот и ги штити вработените од било каква форма на прекршување на чесноста. Императив е да се зачува довербата на нашите засегнати страни во нашите деловни односи кои се засноваат на транспарентност.
Меѓународните санкции (или ембарга) може да бидат наметнати на одредени земји, поединци или сектори. Затоа, од сите вработени на Групацијата се бара да ја применуваат процедурата за меѓународни санкции на Групацијата. Секоја неусогласеност со меѓународните регулативи за санкции може да резултира со значителни граѓански и кривични казни за вработениот и за Групацијата. Затоа, од суштинско значење е да се контактира Правниот Оддел и Офицерот за Етика и Усогласеност пред каков било проект или договор во случај на сомнеж.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
Носење каква било одлука што може да сноси правни ризици без претходна консултација со вашиот Менаџер или Правниот Оддел. Преземање обврска или обврзување на компанијата, доколку постои сомневање во однос на почитување на законските одредби и правните регулативи/прописите од страна на компанијата или нејзините партнери.
8
9
Made with FlippingBook - Online magazine maker