Code de conduite Macedonian 2023
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
БОРБА ПРОТИВ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ИНТЕГРИТЕТОТ
На пример:
На пример:
Прекршување на идентитетот е секое дело на измама со цел здобивање со несоодветна или незаконска предност. Тоа може да биде предмет на кривично гонење. Во примерите на прекршување на интегритетот спаѓаат кражба, уцена, проневера, злоупотреба на доверба, нелегална трговија, прикривање, перење пари, корупција (видете на страна 12), тргување со влијанија (видете на страна 16), фаворизирање, злоупотреба на службена положба и овластување, незаконско присвојување јавни средства, проневера на јавни средства, нелегално тргување со акции или злоупотреба на средства на компанијата, изнуда, колузија, практики на изнуда (видете страна 28), дејствија на опструкционизам и узурпација на идентитет/ канцеларија.
Работам како сметководител. Еден петок во 4 часот попладне, добив телефонски повик од некој кој тврдеше дека е
На службено патување сум и би сакал да им купам подарок на моите деца. За да платам, ја користам банкарска картичка од Групацијата АДП што ми е дадена за користење.
Главниот извршен директор и ми даде насоки веднаш да
извршам трансфер на средства на сметка и ми ги даде деталите за сметката.
Дали е ова прифатливо однесување?
Треба ли да постапам согласно барањето?
Ова е злоупотреба на доверба. Деловната банкарска картичка може да се користи само за деловни цели.
Ова може да е измама во обид, попозната како “CEO fraud”. Морам да сум сигурен дека ја следам правилната процедура, вклучително и дека ќе го известам мојот Менаџер и дека ќе започнам со сите потребни процеси за валидација.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
Во случаи на сомневање за измама, не заборавајте да го информирате вашиот Менаџер, Правниот Оддел или Офицерот за етика и Усогласеност на Групацијата СТРОГО ЗАБРАНЕТО Игнорирање на процедурите на компанијата.
Секој вработен треба да биде проактивен во спречувањето на измамничко однесување. Спроведувајте ги сите применливи упатства и процедури. Заштитете ги средствата и инвентарот на компанијата (објекти, опрема и сл.). Следете ги сите активности и чувајте ги сите придружни документи.
10
11
Made with FlippingBook - Online magazine maker