Code de conduite Macedonian 2023
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
ПРИМЕР НА САНКЦИИ ЗА КОРУПЦИЈА
Етиката и усогласеноста станаа универзален услов, односно универзално барање во деловните зделки. Исто така, непочитувањето на правилата за етиката и усогласеност може да доведат до исклучување од одредени пазари (Светска Банка, итн.) или пак може да резултира со забрана за кредитирање од одредени банки за постигнување на наша цел, односно забрзување на нашиот раст. Сите наши засегнати страни се внимателни кон нашиот пристап кон етиката и усогласеноста. Вредностите на одговорност и гостопримство се фактори за успех на Групацијата. Секој е актер и амбасадор на етика и усогласеност на свое ниво и во своите мисии.
Оваа одговорност на секој вработен е силата на Групацијата: таа е силен маркер што ги потхранува нејзините перформанси. Затоа, правилата на овој Кодекс мора да се применуваат од секој вработен и од секое лице кое дејствува за или во име на компанијата (подизведувачи итн.). Вработените, исто така, мора да се погрижат луѓето под нивна одговорност да ги почитуваат принципите. Гостопримството е исто така клучна тема во етичката култура. Оваа вредност мора прво и основно да се примени внатрешно во тимовите, а потоа да биде согледана на нашите платформи од нашите патници. Целта на нашиот механизам за етика и усогласеност е да ги заштити не само компанијата, туку и сите вработени во Групацијата АДП .
• AIRBUS ПРЕСУДА : $2.9 милијарди во 2020
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ: РАЗМИСЛУВАЊЕ И ПРИМЕНА Групацијата АДП работи во свет со високо поставени стандарди во кој навидум незначителни постапки на несоодветно однесување може да доведат до последици што може да чинат многу (на пример: парични казни, затворски казни, деловни санкции, нанесување штета на репутацијата, итн.). Затоа, Групацијата АДП донесе одлука јасно да ги утврди своите правила на однесување коишто, иако не можат да ја опфатат секоја ситуација и/или настан, сепак служат за заштита на компанијата и нејзините вработени. Овој Кодекс на однесување се однесува на сите вработени во Групацијата АДП. Целта на Кодексот е да се фокусира на главните теми за Етика и Усогласеност преку конкретни примери за да им помогне на вработените да ја преземат одговорноста во однос на принципите и да ги применуваат во сите аспекти од нивното работење.
ПРОГРАМА ЗА ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ: РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ Одделот за Етика и Заштита на лични податоци работат заедно на ниво на Групацијата за да ја креираат и развијат програмата. Тие исто така ќе работат заедно и за да ја имплементираат програмата, со поддршка од Офицерите за етика и усогласеност во рамки на нашите подружници и во соработка со надлежните лица од другите засегнати сектори и оддели. КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРАШАЊА ИЛИ ПАК ВО СЛУЧАЈ НА ЧУВСТВИТЕЛНА СИТУАЦИЈА Од суштинско значење е да ја споделите вашата загриженост, ако имате прашања или ако се соочувате со чувствителна ситуација! Преку комуницирање и дискутирањето на овие прашања, тие полесно се разјаснуваат, а во исто време ни овозможува да откриеме доколку постојат ризици и секако, ни помага да најдеме соодветни решенија со вашиот претпоставен/менаџер (видете стр. 36). Поставивме и систем за укажување*. Делот за предупредување може да го најдете на платформата за укажување.
Во рамките на контролата, без оглед на нејзината природа и вид (внатрешна контрола, ревизија, внатрешна истрага, контрола на органи...), секој повикан вработен мора да биде кооперативен и мора активно да соработува.
* https://alert.groupeadp.fr
4
5
Made with FlippingBook - Online magazine maker