Code de conduite Macedonian 2023

PÉRIMÈTRE GROUPE ADP

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП

В2-07/2023

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП

В2-07/2023

УСОГЛАСУВАЊЕ СО КОДЕКСОТ ОД ПАРТНЕРИ

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

Групацијата АДП дава големо значење на односите што ги одржува со своите многубројни партнери. Овие односи мора да се засноваат на усогласеност со договорните обврски и правилата за добро однесување. Затоа, од партнерите на Групацијата се бара да спроведат збир на соодветни политики насочени кон спречување на прекршување на интегритетот (видете го поглавјето со наслов „Борба против прекршувањето на интегритетот“). Во овој контекст, од деловниот партнер може да се побараат информации за темите опфатени со овој кодекс и може да се одлучи да се спроведат поправни активности во случај на прекршување (ревизија, раскинување на договорот итн.). Секое прекршување на овој кодекс мора да биде пријавено преку системот за предупредување достапен за нашите вработени и даватели на услуги преку адресата https://alert.groupeadp.fr.

Секојдневно работење во рамките на Групацијата АДП бара споделување и обработка на широк спектар на податоци, активности, статистики и студии специфични за компанијата. Овој збир на информации претставува вредно средство. Компанијата е изложена на ризик кога протекуваат податоци, кога тие се неправилно обработени или пак слабо и лошо се управува со нив. Нашите податоци како вредни средства и ресурси мора да бидат заштитени за да се обезбеди иден раст и конкурентност на компанијата. Од витално значење е да ги заштитиме и да управуваме со чувствителните и доверливи податоци на Групацијата, без оглед на нивниот вид, форма или локација. За таа цел, Групацијата АДП креираше и воспостави Политика за заштита на податоците на Групацијата*. Сите вработени се одговорни за нејзиното спроведување на дневна и систематска основа. Сите вработени мора да бидат активно вклучени и да работат согласно политиката.

НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ  Осигурете се дека евалуацијата на третата страна е извршена пред склучување договор во согласност со процедурата и условите за работа што се во примена.  Обезбедете правилна примена на превентивните мерки од Групацијата (прашалник, споделување на внатрешните политики за етика и усогласеност, договорни клаузули итн.).  Контактирајте го Правниот Оддел пред било каква договорна соработка, а особено за да преговарате за одредби за етика и усогласеност.  Испратете го кодексот на однесување на Групацијата АДП на деловниот партнер на почетокот на преговорите.

БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ  Во случај на сомневање за

ПРЕДНОСТИ Безбедноста на информациите ни овозможува да го зачуваме дигиталниот екосистем со цел да ја заштитиме Групацијата и сите нејзини засегнати страни, како и нејзиниот имиџ и углед. Во овој контекст, заштитата на личните податоци ја одразува посветеноста да им понудиме на нашите засегнати страни безбедни услуги кои ги почитуваат нивните

прекршување на овој кодекс или на договорот, информирајте го менаџерот или офицерот за етика и усогласеност на Групацијата за да се справи со ситуацијата (дополнителни информации или прашалник, ревизија, прекршување на договорот, итн.) СТРОГО ЗАБРАНЕТО  Потпишување договор без претходна евалуација на третата страна или консултација со Правниот оддел и Офицерот за етика.  Ги игнорирате препораките на Офицерот за етика.

права на нивните податоци (доверливост, приватност).

Транспарентноста, квалитетот, интегритетот и безбедноста на личните податоци се фактори на доверба за одговорна обработка на личните податоци

* за повеќе информации, ве молиме контактирајте го Одделот одговорен за Безбедност и управување со ризици.

22

23

Made with FlippingBook - Online magazine maker