Code de conduite Macedonian 2023
Publication animée
ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
ВОВЕД
ЗОШТО ГРУПАЦИЈАТА АДП ИМА ПОТРЕБА ОД ПРОГРАМА ЗА ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ
ЕТИЧКИОТ ИМПУЛС НÈ ОДРЖУВА НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ!
ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ: НАШАТА ДЕФИНИЦИЈА За Групацијата АДП, етиката и усогласеноста опфаќаат и усогласеност со законите, законските одредби и правните регулативи, прописи и усогласеност со вредностите.
За Групацијата АДП, етиката и усогласеноста со законските одредби опфаќаат придржување кон законите и правните акти, прописите и регулативите на државите каде што групацијата е присутна со своите деловни активности, како и придржување кон вредностите за одговорност и гостопримство. За да се реализираат промените во процедурите, прво мора да се зацврстат етиката и усогласеноста во културните промени. Секој вработен се заложува на оваа културна промена преку примена на вредностите на Групацијата АДП во нивната секојдневна работа. Добриот етички импулс нè одржува на вистинскиот пат!
E тиката и усогласеноста се двигател на довербата, а оттука произлегува и ефикасноста и квалитетот при работењето на нашата Групација и сите нејзини чинители, односно засегнати страни! Тие сочинуваат 12–18% од нашиот дополнителен финансиски рејтинг, што има директно влијание врз нашиот капацитет за пораст. Етиката и усогласеноста се од непроценливо значење за Групацијата АДП и мора да бидат заштитен знак во работењето и деловната активност. Силната програма за етика и усогласеност помага да се зачува позитивен корпоративен имиџ, истовремено ограничувајќи ги ризиците на кои може да биде изложена Групацијата. Затоа, тоа е фактор на доверба за нашите вработени, нашите клиенти и нашите добавувачи и гаранција за добро владеење за нашите акционери. Начелата наведени во овој Кодекс се наменети да му помогнат на секој вработен
во секојдневните професионални практики. Нашите правила за етика и усогласеност се базирани врз три основни принципи тоа кои ја води нашата работа: одговорност, интегритет и почит. Непочитувањето на и непридржувањето кон овие правила може да доведе до дисциплинска постапка. Затоа од голема важност е да разговарате со вашите менаџери и/или раководители или со Офицерот за етика и усогласеност за какви било чувствителни ситуации (вид стр. 36). Разгледувањето и дискутирањето на овие прашања се клучни чекори за развој на вистинските постапки, притоа наоѓајќи соодветни решенија, откривајќи потенцијално ризични ситуации и нивно правилно ескалирање. Заедно можеме да помогнеме компанијата да расте и да се развива. Нашето активно учество и заложба нè одржуваат на вистинскиот пат!
ЛОЈАЛНОСТ: ДВОНАСОЧНА ЗАЛОЖБА
Оваа обврска опфаќа широк спектар на активности што може да предизвикаат незаконско нанесување штета, односно штетно делување врз една од страните, извршени од страна на вработениот (не му нанесувајте штета или не го потценувајте вашиот работодавач, клиентите, добавувачите, партнерите, итн.; не откривајте доверливи информации, не започнувајте конкурентска работа без претходно одобрение и сл.) или од страна на работодавачот (исплаќање плата и придржување до крајни рокови, обезбедување на договореното работно место на вработените, обезбедете им на вработените доволно ресурси за извршување на работата што се очекува од нив, итн.)
Потпишувањето на Договор за вработување (договор за вработување на неопределено време, договор за вработување на определено време, договор за работодавачот на обврската за лојалност што бара двете страни да ги извршуваат договорните обврски со интегритет. • Во текот на времетраењето на договорот за вработување вклучително и периоди на суспензија (на пр. отсуство од работа, одмор), • За сите вработени на сите работни позиции; • Со исклучок на одредби од договор за вработување кои се спротивни на ова. практична работа, и др.) ги обврзува и вработениот и ОБВРСКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ Е ПРИМЕНЛИВА:
codeofconduct.groupeadp.fr
2
3
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
ПРИМЕР НА САНКЦИИ ЗА КОРУПЦИЈА
Етиката и усогласеноста станаа универзален услов, односно универзално барање во деловните зделки. Исто така, непочитувањето на правилата за етиката и усогласеност може да доведат до исклучување од одредени пазари (Светска Банка, итн.) или пак може да резултира со забрана за кредитирање од одредени банки за постигнување на наша цел, односно забрзување на нашиот раст. Сите наши засегнати страни се внимателни кон нашиот пристап кон етиката и усогласеноста. Вредностите на одговорност и гостопримство се фактори за успех на Групацијата. Секој е актер и амбасадор на етика и усогласеност на свое ниво и во своите мисии.
Оваа одговорност на секој вработен е силата на Групацијата: таа е силен маркер што ги потхранува нејзините перформанси. Затоа, правилата на овој Кодекс мора да се применуваат од секој вработен и од секое лице кое дејствува за или во име на компанијата (подизведувачи итн.). Вработените, исто така, мора да се погрижат луѓето под нивна одговорност да ги почитуваат принципите. Гостопримството е исто така клучна тема во етичката култура. Оваа вредност мора прво и основно да се примени внатрешно во тимовите, а потоа да биде согледана на нашите платформи од нашите патници. Целта на нашиот механизам за етика и усогласеност е да ги заштити не само компанијата, туку и сите вработени во Групацијата АДП .
• AIRBUS ПРЕСУДА : $2.9 милијарди во 2020
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ: РАЗМИСЛУВАЊЕ И ПРИМЕНА Групацијата АДП работи во свет со високо поставени стандарди во кој навидум незначителни постапки на несоодветно однесување може да доведат до последици што може да чинат многу (на пример: парични казни, затворски казни, деловни санкции, нанесување штета на репутацијата, итн.). Затоа, Групацијата АДП донесе одлука јасно да ги утврди своите правила на однесување коишто, иако не можат да ја опфатат секоја ситуација и/или настан, сепак служат за заштита на компанијата и нејзините вработени. Овој Кодекс на однесување се однесува на сите вработени во Групацијата АДП. Целта на Кодексот е да се фокусира на главните теми за Етика и Усогласеност преку конкретни примери за да им помогне на вработените да ја преземат одговорноста во однос на принципите и да ги применуваат во сите аспекти од нивното работење.
ПРОГРАМА ЗА ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ: РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ Одделот за Етика и Заштита на лични податоци работат заедно на ниво на Групацијата за да ја креираат и развијат програмата. Тие исто така ќе работат заедно и за да ја имплементираат програмата, со поддршка од Офицерите за етика и усогласеност во рамки на нашите подружници и во соработка со надлежните лица од другите засегнати сектори и оддели. КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРАШАЊА ИЛИ ПАК ВО СЛУЧАЈ НА ЧУВСТВИТЕЛНА СИТУАЦИЈА Од суштинско значење е да ја споделите вашата загриженост, ако имате прашања или ако се соочувате со чувствителна ситуација! Преку комуницирање и дискутирањето на овие прашања, тие полесно се разјаснуваат, а во исто време ни овозможува да откриеме доколку постојат ризици и секако, ни помага да најдеме соодветни решенија со вашиот претпоставен/менаџер (видете стр. 36). Поставивме и систем за укажување*. Делот за предупредување може да го најдете на платформата за укажување.
Во рамките на контролата, без оглед на нејзината природа и вид (внатрешна контрола, ревизија, внатрешна истрага, контрола на органи...), секој повикан вработен мора да биде кооперативен и мора активно да соработува.
* https://alert.groupeadp.fr
4
5
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
Понатаму, Групацијата АДП, Aéroports de Paris SA и ТАВ Аеродроми се потписнички на 10-те принципи на Глобалниот договор на ОН во 2003 година на коj се потпираат за распоредување на своите политики.
10-ТЕ ПРИНЦИПИ НА ГЛОБАЛНИОТ ДОГОВОР НА ОН
СОДРЖИНА
Човекови права Поддршка и почитување на заштитата на меѓународно признатите човекови права. Гаранција дека нема соучесништво во кршење на човековите права. Работна сила Поддршка на слободата на здружување и ефективно признавање на правото на колективно преговарање. Елиминација на дискриминација во поглед на вработување и занимање.
Елиминација на сите облици на присилна и задолжителна работа. Животна околина Поддршка на внимателен пристап кон предизвиците од значење за животната средина. Преземање иницијативи за промовирање на поголема одговорност кон животната средина. Поттикнување на развој и распространетост на еколошки технологии. Спречување корупција Борба против корупција во сите форми на корупција, вклучувајќи изнудување и.
6
1
УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ, ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА И ПРОПИСИТЕ ...................................................... 8 БОРБА ПРОТИВ ИЗМАМНИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ ................... 10 СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА ............................................................................................................. 12 СПРЕЧУВАЊЕ НЕЗАКОНСКО ВЛИЈАНИЕ ............................................... 16 ЗАШТИТА ПРИ ПРИФАЌАЊЕ ИЛИ ДАВАЊЕ ПОДАРОЦИ, ГОСТОПРИМСТВО ИЛИ ПРИДОБИВКИ ................................................................................................................................................ 14 ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И СПРАВУВАЊЕ СО СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ................................................................................................................... 20 УСОГЛАСУВАЊЕ СО КОДЕКСОТ ОД ПАРТНЕРИ ................................................................................................................ 22 ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ ......................................................................................................................................................... 26 ПРИДРЖУВАЊЕ КОН ПРИНЦИПИТЕ ЗА СЛОБОДНА КОНКУРЕНЦИЈА И БОРБА ПРОТИВ КОЛУЗИВНИ И ИЗНУДНИ ПРАКТИКИ .............................................................. 28 ПОЧИТУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ, КОЛЕГИТЕ И ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ ........................................................... 34 СПРАВУВАЊЕ СО ЧУВСТВИТЕЛНИ СИТУАЦИИ: Систем за пријавување на Групацијата ..................................................... 36 ПОИМНИК ........................................................................................................................................................................................ 42
2
7
8
3
9
4
Ефективно укинување на детската работна сила.
5
10
6
7
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
На пример:
На пример:
УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ, ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА И ПРОПИСИТЕ
Штотуку бев унапреден на нова работна позиција. Моето ново работно место опфаќа управување аеродромска активност која обезбедува пристапност на патниците, а мојот тим само што ме извести дека мора да се придржуваме до конкретна регулатива што не ми е позната.
Менаџер сум на Одделот за обезбедување на терминал. Јавен службеник ме извести дека моите процедури за работа мора да им овозможат на државните агенти да поминат на пунктот за безбедносна проверка врз основа само на нивната униформа и без да покажат значка. Иако не можам на најдам нешто поврзано со ова во применливите регулативи, постапив согласно барањето бидејќи сепак доаѓа од еден од владините оддели.
Етиката е во тесна врска со усогласеноста со законските одредби, правната регулатива и прописите. Секој вработен мора постојано да биде сигурен дека стриктно се придржува кон законските одредби, правната регулатива и прописите, како и кон какви било договорни обврски што произлегуваат во текот на нивното работење.
Како да постапам?
Треба да разговараш за ситуацијата со твојот Менаџер и да побараш од Правниот Оддел да ти ги обезбеди потребните информации.
Дали мојата одлука е исправна?
ЗАКОНИ, ПРАВНА РЕГУЛАТИВА И ПРОПИСИ
Доколку овој тип на исклучок не е предвиден со закон, јавниот службеник не е овластен да го бара тоа. Постапувањето согласно барањето на службеникот го прекршува законот и ја загрозува компанијата. Треба да се обратите до Правниот Оддел, каде може да добиете информација дали постои таква законска одредба и каде може да ви помогнат да подготвите одговор за службеникот што го поднел барањето.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
Разговарајте со вашиот Менаџер за познавањето на правните работи и аспекти потребни за вашата работна позиција. Ако е потребно за вашата работна позиција, научете ги барем основите на релевантните законски одредби и правни регулативи. Користете ја правната алатка за мониторинг на вашата компанија, доколку е достапна, и/или консултирајте се со Правниот Оддел Придржувајте се до применливите делегирани работи. Доколку во прашање е законитоста на документот, следете ги процедурите: Разговарајте за проблемот со вашиот Менаџер и колегите од вашиот оддел. Во зависност од проблемот, контактирајте го Правниот Оддел, Офицерот за Етика и Усогласеност на Групацијата и/или Менаџерот за човечки ресурси. БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
ПРЕДНОСТИ Усогласеноста со
ФОКУС: МЕЃУНАРОДНИ САНКЦИИ
регулативата овозможува ефективно управување со ризикот и ги штити вработените од било каква форма на прекршување на чесноста. Императив е да се зачува довербата на нашите засегнати страни во нашите деловни односи кои се засноваат на транспарентност.
Меѓународните санкции (или ембарга) може да бидат наметнати на одредени земји, поединци или сектори. Затоа, од сите вработени на Групацијата се бара да ја применуваат процедурата за меѓународни санкции на Групацијата. Секоја неусогласеност со меѓународните регулативи за санкции може да резултира со значителни граѓански и кривични казни за вработениот и за Групацијата. Затоа, од суштинско значење е да се контактира Правниот Оддел и Офицерот за Етика и Усогласеност пред каков било проект или договор во случај на сомнеж.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
Носење каква било одлука што може да сноси правни ризици без претходна консултација со вашиот Менаџер или Правниот Оддел. Преземање обврска или обврзување на компанијата, доколку постои сомневање во однос на почитување на законските одредби и правните регулативи/прописите од страна на компанијата или нејзините партнери.
8
9
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
БОРБА ПРОТИВ ПРЕКРШУВАЊЕ НА ИНТЕГРИТЕТОТ
На пример:
На пример:
Прекршување на идентитетот е секое дело на измама со цел здобивање со несоодветна или незаконска предност. Тоа може да биде предмет на кривично гонење. Во примерите на прекршување на интегритетот спаѓаат кражба, уцена, проневера, злоупотреба на доверба, нелегална трговија, прикривање, перење пари, корупција (видете на страна 12), тргување со влијанија (видете на страна 16), фаворизирање, злоупотреба на службена положба и овластување, незаконско присвојување јавни средства, проневера на јавни средства, нелегално тргување со акции или злоупотреба на средства на компанијата, изнуда, колузија, практики на изнуда (видете страна 28), дејствија на опструкционизам и узурпација на идентитет/ канцеларија.
Работам како сметководител. Еден петок во 4 часот попладне, добив телефонски повик од некој кој тврдеше дека е
На службено патување сум и би сакал да им купам подарок на моите деца. За да платам, ја користам банкарска картичка од Групацијата АДП што ми е дадена за користење.
Главниот извршен директор и ми даде насоки веднаш да
извршам трансфер на средства на сметка и ми ги даде деталите за сметката.
Дали е ова прифатливо однесување?
Треба ли да постапам согласно барањето?
Ова е злоупотреба на доверба. Деловната банкарска картичка може да се користи само за деловни цели.
Ова може да е измама во обид, попозната како “CEO fraud”. Морам да сум сигурен дека ја следам правилната процедура, вклучително и дека ќе го известам мојот Менаџер и дека ќе започнам со сите потребни процеси за валидација.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
Во случаи на сомневање за измама, не заборавајте да го информирате вашиот Менаџер, Правниот Оддел или Офицерот за етика и Усогласеност на Групацијата СТРОГО ЗАБРАНЕТО Игнорирање на процедурите на компанијата.
Секој вработен треба да биде проактивен во спречувањето на измамничко однесување. Спроведувајте ги сите применливи упатства и процедури. Заштитете ги средствата и инвентарот на компанијата (објекти, опрема и сл.). Следете ги сите активности и чувајте ги сите придружни документи.
10
11
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
СПРЕЧУВАЊЕ КОРУПЦИЈА Корупцијата се состои од прибавување предност (подароци, гостопримство, пари, информации, услуги и слично) за кое било јавно или приватно лице со цел да се натера да постапи или да се воздржи од постапување. Корупцијата може да биде активна (од страна на давателот на корупција) или пасивна (од страна на лицето кое е корумпирано). Самата намера може да се смета за доволна за да се квалификува како кривично дело! Не се одговорни само оние кои што се вклучени (оние што корумпираат и оние што се корумпирани): компанијата и нејзините претставници исто така се одговорни при вакви случаи. Корупцијата исто така наштетува и на угледот и репутацијата. Со цел ефикасно спречување на корупцијата, сите вработени мора да ги знаат и да ги применуваат следниве начела, односно принципи: Нема компромис со усогласеноста. Групацијата АДП секогаш ќе биде на страната на вработените што работат во согласност со и се водат според етичките правила и вредности и кои одбиваат да учествуваат во каква било форма на корупција или поткуп.
На пример:
На пример:
Работам како експерт за системи за ракување со багаж. Добавувач на опрема за системи за ракување со багаж ми понуди ВИП седишта на голем спортски натпревар ако им дадам технички податоци за нашиот систем за ракување со багаж.
Работам на аеродром. Локалниот менаџер на една авиокомпанија ми понуди бесплатен авионски билет или пак промена на билет во повисока класа ако се согласам да го вработам неговиот син.
Дали е ова прифатливо?
Дали е ова прифатливо?
Ова е обид за поткуп што е казниво со закон и од страна на Групацијата АДП. Ја одбивам понудата. Исто така, го известувам и мојот Менаџер или Офицерот за етика и усогласеност.
Ова е обид за поткуп што е казниво со закон и од страна на Групацијата АДП. Ја одбивам понудата. Исто така, го известувам и мојот Менаџер или Офицерот за Етика и Усогласеност.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ Секојдневното работење нека биде отворено, правично и чесно и во согласност со стандардните процедури за работа на Групацијата АДП. Дозволете нашите партнери да знаат за нашата заложба за борба против корупцијата. Во случаи на сомневање за или обид за корупција, информирајте го вашиот Менаџер, или Офицерот за Етика и Усогласеност на Групацијата (видете страна 36)
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
Нудење или прифаќање поткуп, подароци, гостопримства, услуги и слично, за да добиете повик за учество на тендери или во замена за доверливи информации за компанијата. Согласување да се користи посредник определен од страна на клиентот или кандидат за да се обезбеди договор. Одобрување прием на услуга или нарачка поголема од она што всушност било обезбедено/испорачано за да се добие корист од давателот на услугата, или за себе или за други. Разгледување деловен однос (види ја Процедурата за евалуација на трети страни) без претходно да се провери третата страна за која станува збор (добавувачи, клиенти и сл.). Потплаќање со цел да се олесни или забрза добивањето овластувања.(види Фокус „Поткуп на јавни службеници“). ЕДИНСТВЕН ИСКЛУЧОК ОД ОВИЕ ПРИНЦИПИ: маргина на толеранција се применува кога физичката безбедност на една личност – или неговите или нејзините роднини – е загрозена. Доколку тоа се случи, треба веднаш да го известите вашиот Менаџер, Менаџерот за човечки ресурси, Правниот Оддел или Офицерот за Етика и Усогласеност.
КАЗНИ ВО ФРАНЦИЈА
ЗА КОМПАНИЈАТА • Од 5 милиони евра до 30% од приходот на компанијата (францускиот закон за спречување корупција, познат и како Sapin 2) • Исклучување од одредени пазари (на пр. од страна на Светска Банка) • Забрана за задолжување/земање кредити • Нанесување штета на угледот и репутацијата на компанијата ЗА ВРАБОТЕНИТЕ • До 10 години затворска казна • Парична казна од 1 милион евра (францускиот закон за спречување корупција, познат и како Sapin 2) • Одземање граѓански права • Забрана за вршење дејност/работење во релевантната област повеќе од 5 години
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
Чувствувате дека некому/нешто должите откако сте добиле предност или некаква корист од партнерот. Справување со посредници (или деловни застапници). Прифаќање или нудење подарок или гостопримство без анализа на контекстот (видете страна 18).
12
13
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
ПЛАЌАЊА ЗА ОЛЕСНУВАЊЕ
ФОКУС НА КОРУПЦИЈАТА НА ЈАВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ
Да се изврши плаќање на јавен службеник, да му се понуди подарок за да се гарантира или забрза извршувањето на јавното дело што сепак ќе треба да го изврши, не е незначајно. Во многу земји плаќањата
за олеснување се сметаат за поткуп и се забранети. Го става на ризик угледот на компанијата и ја изложува на правни ризици и кривично гонење според локалните и офшор законите.
Јавен службеник е лице на кое му се доверени јавни овластувања, функција на јавна служба или има изборен или управен мандат. Меѓутоа, овој поим може да се разбере пошироко во зависност од земјата: може да се однесува на раководителот на јавно претпријатие, раководител на државна агенција или дури и високи раководители на која било компанија во која државата има доминантна улога. Затоа е потребно непоколебливо внимание, особено затоа што поткупот на јавни службеници е построго казнет и може да подлежи и на законите за екстериторијалност, како што е Законот за надворешни коруптивни практики на САД.
На пример:
Јас сум службеник за развој на иселениците, во контакт со локални претставници за проект за изградба на аеродром. Добивањето на овој тендер ќе ни овозможи пристап до многу перспективен пазар. Моите соговорници беа за нашиот проект и ме замолија да им помогнам финансиски
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ Потценување на ризикот од корупција на јавен службеник затоа што тој или таа не одлучува, иако тој или таа може да има пристап до чувствителни информации и/или да влијае на конечната одлука. Посветување помалку внимание на активностите за лобирање што ги спроведува компанијата или професионалните организации (види го Поглавјето за Одговорно Лобирање). Вработување на поранешен јавен службеник или некој од неговите роднини без проценка на можниот ризик од корупција или трговија со влијание.
Вршете доволно длабинска анализа на трети лица јавни службеници кои се особено изложени на ризик од корупција. Водете односи со јавните службеници во согласност со системот за внатрешна етика и усогласеност на Групацијата АДП и локалните закони. Во случај на сомневање или обид за корупција, информирајте го вашиот менаџер или Офицерот за етика и усогласеност на Групацијата.
Ова е поттикнување на корупција. Мора веднаш да го информирате вашиот менаџер, Правниот Оддел и/или вашиот Офицер за Етика и Усогласеност.
да го „поддржат“ нашиот проект кај надлежните.
Што треба да направам ?
САНКЦИИ ЗА ПОТКУП НА ЈАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ
ВО ТУРЦИЈА • Одземање на лиценца • Забрана за учество на тендери и раскинување на договор за јавна набавка • Административни казни • Затворски казни за соработниците од 4 до 12 години
ВО ЈОРДАН • Минимум 2 години затвор за соработниците ВО САД • Комбинација на кривични и граѓански казни • До $30 милиони по прекршок за компаниите. • До 25 години затвор и минимална парична казна од приближно $6 милиони за вработените
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
Давање поткуп, подарок, покана, услуга итн. на јавен службеник за да добие понуда, да ја забрза одлуката, да добие информации итн. Согласност да се работи со трето лице предложено од јавен функционер за да се добие договор.
Размислување за стапување во деловен однос со трето лице без да се направат вообичаените проверки, со образложение дека тие се препорачани од јавен службеник
14
15
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
СПРЕЧУВАЊЕ НЕЗАКОНСКО ВЛИЈАНИЕ
На пример:
Работам на изградба на нов хангар за авиони; органот го одложува доставувањето на одобрението за градење. Го познавам братот на заменикот на овој орган кој многу патува. Би сакал да го замолам со брат му да го забрза добивањето на дозволата во замена на паркинг картичка на Групацијата АДП.
Незаконско влијание е влијание на јавно лице или приватно лице задолжено за давање на јавна услуга (како што е Aéroports de Paris SA) на начин што ќе им се озбезбеди одредена корист за да го употребат своето вистинско или наводно влијание врз друго лице со цел да добијат поволна одлука Самата намера може да се квалификува како кривично дело. Како и корупцијата, тое може да биде активно (од страна на лицето што бара) или пасивно (од страна на лицето кое го користи неговото влијание). Санкциите се исти како и за корупција.
Ова е акт на незаконско влијание казниво со закон и од Групацијата АДП.
Дали ова е прифатливо?
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
Во согласност со барањата за обелоденување за котираните компании, давајте само проверливи и ажурирани информации. Забранете секакво однесување што би можело да се сфати како форма на незаконско влијание, особено со почитување на правилата за подароци и покани. Проверете го делот за одговорно лобирање кој ги вклучува активностите на застапување на интереси. Споделете ја нашата посветеност со нашите партнери во нашите активности.
Дозволувате некои нејаснотии во односите со деловните партнери.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО Нудење пoволности од секаков вид (пари, подарок, покана, услуга и сл.) на избран функционер, член на администрација итн., за да влијаат на познаник со цел да се донесе одлука, гласање итн. во корист на Групацијата АДП. Застапување интереси без одобрение од страна на Групацијата АДП и без следење на принципите на делот за одговорно лобирање. Посветени сте, во име на Групацијата, да ги финансирате политичките партии. Користете посредници (бизнис воведувачи) без да го информирате Правниот Оддел на Групацијата.
É
E
T
X
H
E
I
Q
L
F
U
E
E
R
L
E
P
B
A
O
C
N
16
17
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
ЗАШТИТА ПРИ ПРИФАЌАЊЕ ИЛИ ДАВАЊЕ ПОДАРОЦИ, ГОСТОПРИМСТВО ИЛИ ПРИДОБИВКИ Подароците и гостопримството лесно може да се сметаат како обиди за поткуп или корупција. Затоа, тие мора да бидат ретка практика. Ваквите ситуации можат да ги изложат вработените и компанијата на истите ризици. Додека одржувањето добри односи понекогаш може да ги натера вработените во Групацијата да понудат или да прифатат подароци или гостопримство, сепак контекстот на ваквите ситуации неопходно е внимателно да биде анализиран и испитан.
ИНДИКАТОРИ 4 критериуми за анализа на контекст:
1 Преку Правниот Оддел дознајте дали локалните закони имаат специфична рамка. 2 Обрнете внимание на стратешкиот контекст, доколку е присутен: ниту прифаќајте ниту нудете подароци
4 Утврдете дали вредноста на подарокот/гостопримството е разумна. Тест на реципроцитет: Дали сум овластен да ја дадам истата вредност на подароците / гостопримството во рамките на параметрите на мојата работа? Дали подарокот / гостопримството е разумен/но, исто така може да се процени врз основа на локалните закони и нивоата на приход, критериум што е особено важен кога некој е во странство. Како пример, може да биде во вредност од 5-10% од просечната плата во другата земја. При проценка на вредноста, земете ги предвид сите други подароци / гостопримство во минатото (соберете го нивниот вкупен износ во текот на една година или по трета страна – видете го приказот подолу).
/ гостопримство за време на тендери, периоди на гласање, преговори и сл.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ Анализирајте го контекстот во кој се нудат или прифаќаат подароци или гостопримство, користејќи ги 4-те критериуми дадени на следната страна. Дајте предност на рекламни/ промотивни подароци или на оние чија вредност е чисто симболична. За време на професионални/стручни собири, Групацијата АДП може да финансира превоз и сместување, доколку е корисно и полезно за деловните активности. Системски пријавувате подароци и покани поголеми од 60 Евра (> 60€)*. Секогаш барајте одобрение од вашиот Менаџер за сите подароци / гостопримство чија вредност е поголема од 200 евра (> 200 €)*. БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ Избегнувајте ги сите подароци или гостопримство што може да го натераат надворешниот набљудувач да се запраша за интегритетот на давателот или примателот на подарокот или гостопримството. Избегнувајте ги сите подароци или гостопримство што можат да влијаат врз непристрасноста на сите одлуки што вработениот мора да ги донесе во интерес на
3 Одвојте го приватниот од деловниот живот и однесувајте се на професионално ниво. Следниве ситуации се примери на непрофесионални ситуации: Секое гостопримство кое вклучува пријатели или семејство кои не се директно вклучени во проектот. Кога за време на семинари и професионални настани се поминува повеќе слободно време одошто време поврзано со работата и професионалните активности.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
КРАТОК ПРЕГЛЕД
Прифаќање: која било сума на пари, дури и како заем или гаранција, или бесплатно обезбедување на подвижни средства или имот, опрема, патувања или друга услуга обезбедена од трета страна, без разлика дали е за некого лично или за некој од неговото/ нејзиното семејство, пријатели или колеги. Прифаќање било каков подарок или гостопримство што ве става во ситуација да му должите на давателот на подарокот или гостопримството. Прифаќање било каков подарок или гостопримство за време на стратешки важен момент, односно временски период (на пр. отворен повик за тенд
Подароци / гостопримство > € 200 кумулативен збир за Франција или 5-10% од просечната плата во друга држава Потребно е претходно одобрување од вашиот Менаџер
Подароци / гостопримство > € 60 кумулативен збир Известете го вашиот Менаџер
Подароци / гостопримство < € 60 кумулативен збир Не е потребно одобрување
* В купно кумулативно годишно и по трето лице.
18
19
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
На пример:
На пример:
ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И СПРАВУВАЊЕ СО СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
Учествувам во изборот на добавувач. Мојот брат работи во една од компаниите што аплицирале.
Во слободно време ангажиран сум како потпретседател на Здружението на соседи на аеродромот. Во склоп на мојата работна позиција во Групацијата
Судирите на интереси се јавуваат кога личните интереси на вработен или некој негов близок се во судир со работната позиција и обврските и одговорностите на вработениот или должноста како што е утврдено од страна на компанијата. На вработениот повеќе не може да му се верува за да носи непристрасни професионални одлуки. Иако судирот на интереси не е престап во најголем дел од државите, често произлегува од чувствителна ситуација која може да доведе до вистински прекршоци Судир на интереси може да настане во секое време и при секаква ситуација: при склучување договори, работење со надворешни партнери, во рамки на тимот, при регрутација на некој што го познавате, итн.
АДП, меѓу другото, одговорен сум и за проектот за новата писта.
Како треба да постапам?
Зависно од работната позиција на мојот брат во таа компанија како и финансиската рамка во прашање, можно е да има судир на интереси доколку на пример вашиот брат е продавач во оваа компанија. Единствениот начин да дознаете дали оваа ситуација е прифатлива или не, е искрено и отворено да разговарате за ситуацијата со вашиот Менаџер, со цел да се најде решение што би ве
Како треба да постапам?
Групацијата АДП го почитува приватниот живот на своите вработени и всушност и ги охрабрува да учествуваат во и да бидат дел од здруженија и заедницата во која живеат. Сепак, ако сметате дека вашата вклученост во активностите на Здруженија кои се поврзани со аеродромот води или би можело да доведе до судир на интересите со Групацијата АДП, мора да го известите вашиот Менаџер за тоа. Вашиот Менаџер или пак Офицерот за етика и усогласеност ќе ви дадат совети како би било најдобро да постапите понатаму.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
заштитило и вам и Групацијата АДП.
Извршувајте ги вашите должности на работа единствено и строго во интерес на компанијата, но никогаш не врз основа на вашиот личен интерес. Бидете умешни во препознавањето потенцијален или нов судир на интереси. Доколку има или пак доколку се сомневате дека постои ситуација на судир на интереси, пријавете на вашиот Менаџер или на Офицерот за Етика и Усогласеност и одлучете заедно за најдобриот начин за справување со ситуацијата со цел да се минимизира ризикот за вработениот и за компанијата.
Бидете внимателни и претпазливи кога се работи за ваши пријатели, некој од вашето семејство или вработени кои можат да имаат деловни или лични односи или дури и финансиски интереси со добавувачи, конкуренти или клиенти што соработуваат со Групацијата АДП. Во ситуации од јавен карактер (на пр. избран мандат), бидете сигурни дека не учествувате во носење одлуки што се однесуваат на и се во врска со Групацијата АДП, нејзините подружници или нејзините заеднички вложувања.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
Прикривање судир на интереси што може да и нанесе штета на Групацијата или на вработениот
20
21
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
УСОГЛАСУВАЊЕ СО КОДЕКСОТ ОД ПАРТНЕРИ
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Групацијата АДП дава големо значење на односите што ги одржува со своите многубројни партнери. Овие односи мора да се засноваат на усогласеност со договорните обврски и правилата за добро однесување. Затоа, од партнерите на Групацијата се бара да спроведат збир на соодветни политики насочени кон спречување на прекршување на интегритетот (видете го поглавјето со наслов „Борба против прекршувањето на интегритетот“). Во овој контекст, од деловниот партнер може да се побараат информации за темите опфатени со овој кодекс и може да се одлучи да се спроведат поправни активности во случај на прекршување (ревизија, раскинување на договорот итн.). Секое прекршување на овој кодекс мора да биде пријавено преку системот за предупредување достапен за нашите вработени и даватели на услуги преку адресата https://alert.groupeadp.fr.
Секојдневно работење во рамките на Групацијата АДП бара споделување и обработка на широк спектар на податоци, активности, статистики и студии специфични за компанијата. Овој збир на информации претставува вредно средство. Компанијата е изложена на ризик кога протекуваат податоци, кога тие се неправилно обработени или пак слабо и лошо се управува со нив. Нашите податоци како вредни средства и ресурси мора да бидат заштитени за да се обезбеди иден раст и конкурентност на компанијата. Од витално значење е да ги заштитиме и да управуваме со чувствителните и доверливи податоци на Групацијата, без оглед на нивниот вид, форма или локација. За таа цел, Групацијата АДП креираше и воспостави Политика за заштита на податоците на Групацијата*. Сите вработени се одговорни за нејзиното спроведување на дневна и систематска основа. Сите вработени мора да бидат активно вклучени и да работат согласно политиката.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ Осигурете се дека евалуацијата на третата страна е извршена пред склучување договор во согласност со процедурата и условите за работа што се во примена. Обезбедете правилна примена на превентивните мерки од Групацијата (прашалник, споделување на внатрешните политики за етика и усогласеност, договорни клаузули итн.). Контактирајте го Правниот Оддел пред било каква договорна соработка, а особено за да преговарате за одредби за етика и усогласеност. Испратете го кодексот на однесување на Групацијата АДП на деловниот партнер на почетокот на преговорите.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ Во случај на сомневање за
ПРЕДНОСТИ Безбедноста на информациите ни овозможува да го зачуваме дигиталниот екосистем со цел да ја заштитиме Групацијата и сите нејзини засегнати страни, како и нејзиниот имиџ и углед. Во овој контекст, заштитата на личните податоци ја одразува посветеноста да им понудиме на нашите засегнати страни безбедни услуги кои ги почитуваат нивните
прекршување на овој кодекс или на договорот, информирајте го менаџерот или офицерот за етика и усогласеност на Групацијата за да се справи со ситуацијата (дополнителни информации или прашалник, ревизија, прекршување на договорот, итн.) СТРОГО ЗАБРАНЕТО Потпишување договор без претходна евалуација на третата страна или консултација со Правниот оддел и Офицерот за етика. Ги игнорирате препораките на Офицерот за етика.
права на нивните податоци (доверливост, приватност).
Транспарентноста, квалитетот, интегритетот и безбедноста на личните податоци се фактори на доверба за одговорна обработка на личните податоци
* за повеќе информации, ве молиме контактирајте го Одделот одговорен за Безбедност и управување со ризици.
22
23
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
ПОСЕБЕН СЛУЧАЈ: ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Секоја информација што може да се користи за да се идентификува одредена индивидуа (на пр. име и/ или презиме), или што овозможува лицето да се идентификува преку вкрстена референца на неколку податоци (телефонски број, регистарски број, број на беџ, итн.) се сметаат за лични податоци. Чувствителните или доверливите податоци (биометриски податоци, медицински/здравствени информации и податоци и сл.) се сметаат за подгрупа на личните податоци.
Употребата на вакви лични податоци мора да биде во согласност со принципите на Групацијата АДП (види табела подолу). Во некои земји, тоа подразбира и усогласување со сите важечки прописи (особено со барањата на Европската општа регулатива за заштита на личните податоци - (GDPR за субјекти лоцирани во ЕЕЗ 1 и Турскиот Закон за заштита на податоци - Закон за КВКК за ентитети лоцирани во Турција…) Во овој случај, за овие субјекти, од суштинско значење е нивната обработка да биде пријавена во регистарот што го бараат прописите.
КАЗНИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА ВООБИЧАЕНИ ПРЕКРШОЦИ • 2% од вкупниот промет на Групацијата. Се применува за следново: повреда на службена должност од страна на управителот/менаџерот и подизведувачот за обработка на лични податоци, неисполнување на обврските од страна на компанијата одговорна за следење на придржувањето кон Кодексот на однесување. Непочитување на основните принципи, лични права или обврски за време на пренос на лични податоци во други земји или меѓународни организации: 4% од вкупниот промет на Групацијата од претходната година.
4 ПРИНЦИПИ НА ГРУПАЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
1 - Пропорционалност секој субјект може да обработува лични податоци само за одредена, законска и легитимна цел. Обработените лични податоци мора да бидат релевантни и строго неопходни во однос на дефинираната цел; 2 - Ограничување на чувањето: периодот на чување мора да биде фиксиран според видот на обработените лични податоци и дефинираната цел. Податоците потоа мора да се избришат или анонимизираат; 3 - Безбедност: секој субјект мора да го гарантира интегритетот, достапноста и доверливоста на обработените лични податоци. Особено, мора да обезбеди пристап до личните податоци само овластени лица; 4 - Назначете точка за контакт: секој субјект мора да назначи лице за контакт за секое прашање во врска со заштитата на личните податоци, без разлика дали се од засегнатите лица или од други субјекти на Групацијата.
ЗА ДРУГИ СУБЈЕКТИ • Други санкции може да постојат според посебни прописи.
1 Европска Економска Заедница.
24
25
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ (ПРОДОЛЖУВА)
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ Одржувајте највисоко ниво на
Компјутери и заштита на податоци
Следете ги инструкциите и правилата на Групацијата кога работите од дома или сте на службено патување. Заштита на личните податоци: Веднаш известете го вашиот Оддел за правни работи, или Офицерот за заштита на личните податоци или посредник, ако се сомневате или знаете за кражба или загуба на податоци (на пр. на USB), или дали податоците се променети (на пр. хакирани). Откривање информации што не се класифицирани како „јавни“ во однос на активноста на која било компанија што е дел од Групацијата АДП, во која било форма, без легитимна причина и без примена на соодветни заштитни мерки. Обелоденување специфични информации на социјалните медиуми во врска со проекти на кои работите или сте работеле. Заштита на личните податоци: Соопштете ги личните податоци на лица кои не се меѓу СТРОГО ЗАБРАНЕТО
дискреција и доверливост при ракување со податоци поврзани со компанијата, без разлика дали во или надвор од компанијата. Направете проценка на доверливоста на содржината на информација во даден документ и заведете го нивото, односно степенот на доверливост на тој документ. Осигурете се дека имате безбедна компјутерска врска што е во согласност со политиките на компанијата или групата. Одржување на следливоста на размената на најчувствителните документи. Чувајте ги и уништете ги документите со кои ракувате врз основа на нивниот степен, односно ниво на доверливост (сигурносен плакар, уништувач (шредер) и сл.). Заштита на личните податоци: Штом започнувате некој проект, идентификувајте ги личните податоци со кои ќе постапувате при работењето. Заштитете ја доверливоста на податоците на начин пропорционален на нивната чувствителност, вклучително и во случај на ширење на таквите податоци Онаму каде што тоа го бара законот, водете регистар за обработка на податоци за откривање на ризици и спроведување активности за нивно отстранување.. Избришете ги податоците од вашите лични медиуми за зачувување веднаш штом податоците не се користат.
1 ЛОЗИНКИ (PASSWORDS) Користете сложени лозинки, избегнувајте да ја користите истата лозинка на повеќе места; никогаш не ја кажувајте лозинката.
СНИМАЊЕ И РЕЗЕРВНИ КОПИИ (SAVING AND BACKUPS)
АЖУРИРАЊА (UPDATES)
3
2
Применете ги сите ажурирања што се
бараат од Одделот за информациски системи на вашите уреди што е можно поскоро.
Податоците од вашата работа снимајте ги само на медиум за зачувување на компанијата.
ФЛЕШ МЕМОРИЈА (FLASH DRIVES)
5 Е-ПОШТА (E-MAIL) Пријавете ги сите
ПРЕЗЕМАЊЕ (DOWNLOADING)
4
6
Избегнете употреба на флеш меморија / USB
Ако се сомневате, консултирајте се со ИТ Одделот за да ја проверите безбедноста на линковите за преземање.
сомнителни пораки до ИТ Одделот и проверете ги сите линкови (врски) и прилози пред да кликнете на нив.
меморија и никогаш не ги употребувајте за чување доверливи податоци (висок ризик од губење или од злонамерен софтвер); користете ја платформата за споделување преку постојната алатка на компанија за трансфер на датотеки.
ЗЛОНАМЕРЕН СОФТВЕР (MALWARE)
РОАМИНГ (ROAMING)
ОДВОЈУВАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА РАБОТА ОД ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ
7
9
8
Никогаш не зачувувајте податоци за работата на вашиот компјутер; секогаш користете ги опциите за зачувување обезбедени од компанијата; користете филтри за приватност на компјутерскиот монитор.
идентификуваните примачи. Чувајте ги личните податоци
Веднаш исклучете ја работната станица ако забележите дека се однесува чудно и контактирајте ја вашата ИТ поддршка.
Чувајте ја работата и личните намени одделно, вклучувајќи е-пошта, уреди, меморија, итн.
надвор од периодот дефиниран во регистарот, особено на хард диск или друга мобилна поддршка. Повторна употреба.
26
27
PÉRIMÈTRE GROUPE ADP
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
На пример:
ПРИДРЖУВАЊЕ КОН ПРИНЦИПИТЕ ЗА СЛОБОДНА КОНКУРЕНЦИЈА И БОРБА СО КОЛУЗИВНИ И ПРИНУДНИ ПРАКТИКИ Отворената, непречена конкуренција е основен услов за здрави, цврсти и лојални деловни односи. Законот за конкуренција забранува фиксирање на цените, договор со поврзани страни и споделување стратешки информации помеѓу конкурентите, како и злоупотреба на доминантна позиција. Потребно е економските оператори кои се натпреваруваат за ист договор да се третираат подеднакво. Во односите со деловните партнери, Групацијата АДП своето однесување го заснова врз принципите на лојалност, транспарентност и недискриминација. При набавки, Групацијата АДП применува многу специфични и строги правила со кои се уредуваат јавните договори. Незнаењето или неразбирањето на овие правила ги изложува вработените и компанијата на тешки казни.
За време на конференција, колега од друг аеродром ми кажа дека би сакал да поразговара со мене за аеродромски најдобри практики. Бидејќи ова изгледаше како корисна идеја, решивме секој месец да си испраќаме пораки преку електронска пошта.
Откривањето тековни или идни, конкретни и нецелосни, доверливи и деловни информации што не се јавни во врска со комерцијалната тајност е строго забрането и може да доведе до дисциплински мерки. Таквите податоци опфаќаат стратегии за утврдување цени, трошоци, како и деловни, бизнис-политики во однос на другите авиокомпании.
Дали е ова прифатливо?
Консултацијата со Правниот оддел ќе ви помогне да одлучите што е, а што не е можно.
ПРЕДНОСТИ Фер и правична конкуренција во нашите деловни односи ја гарантира довербата на сите наши засегнати страни.
Тоа е суштински елемент за успехот и одржливиот раст на Групацијата и ја гарантира нејзината репутација.
ФРАНЦИЈА И ЕВРОПА: ФРАНЦИЈА И ЕВРОПА
За компанијата • До 10% од нејзината консолидирана продажба во светот • Ништовност на договорот или на спорните одредби. • Постапки за надомест на штета. • Исклучување од тендерски постапки • Губење на угледот
За вработените кои се лично одговорни • За најтешките случаи казна затвор до 4 години • 75.000 евра казна
28
29
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ НА ГРУПАЦИЈАТА АДП
В2-07/2023
КОЛУЗИЈА
КАЗНИ ИСКЛУЧОК
Колузија се однесува на практики (договори, здруженија итн.) помеѓу економските оператори кои имаат за цел да ја нарушат или дури и да ја спречат слободната конкуренција во постапката за доделување на договор за јавна набавка. Целта на сите овие практики е да се овозможи однапред определен кандидат да добие договор. Групацијата ADP посветува особено внимание на борбата против колузивните практити.
ЕВРОПСКА УНИЈА • Колузијата помеѓу економските оператори е забранета со правото на ЕУ. Кандидатите кои се впуштаат во колузија може да бидат исклучени од тендерските постапки помеѓу земјите-членки на ЕУ. Ваквите практики може да доведат и до правни постапки.
ГРУПАЦИЈАТА НА СВЕТСКА БАНКА • Исклучоци кои забрануваат добавувачот да склучува договор со која било институција од Групацијата на Светска банка (WBG), која било организација чии активности се финансирани и советувани од WBG. Овие исклучоци може да бидат придружени со финансиски казни.
На пример:
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ Постапувајте праведно со нашите партнери (добавувачи, клиенти, бизниси, итн.) обезбедувајќи ги истите информации на секој. Во случај на сомневање за практиките на партнерот или конкурентот, консултирајте се со вашиот менаџер, Правниот Оддел или Офицерот за етика и усогласеност со цел да ги процените ризиците што може да постојат и да го одредите соодветниот курс на дејствување. Усогласете се со добрите практики претставени во забелешката „Бидете внимателни за договарачки практики во контекст на повици за тендери“
СТРОГО ЗАБРАНЕТО Разменување, директно или индиректно, стратешки информации со конкурентските аеродромски оператори. Да се олесни, директно или индиректно, комуникацијата на комерцијално чувствителни информации помеѓу конкурентните клиенти, деловните оператори или добавувачите. Учество на состаноци со клиентот за време на периодот на наддавање надвор од кој било организиран и потврден процес на сослушување за сите кандидати. Обезбедување понуди за погодни услуги за да се добие договор. Одржување редовни неформални состаноци со надлежните органи за време на тендерската постапка. Однапред договарање помеѓу кандидатите за содржината на понудите (на пр., цена, географска распределба на договорите итн.).
Локална самоуправа организираше тендер за изградба на нова писта. Групацијата АДП вработен склучил договор со еден од другите кандидати победникот да ја избере другата компанија за подизведувач. Ни беше доделен договорот. Можеме ли за половина од работата да му доделиме поддоговор на кандидатот со кој вработениот постигнал договор? аплицираше на тендерот. Еден
Не , бидејќи двајцата понудувачи претходно се договориле, ова е забранета договарачка практика.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
На пример:
Пријавете го секое сомневање за нелојална конкуренција или колузија на вашиот менаџер. Давате рабати, попусти и финансиски предности во која било форма без да ги следите соодветните процедури.
Нашиот консултант беше вклучен во
Да , може да се смета дека конечната цена на понудата на Групацијата АДП зависела од дискусиите што консултантот ги имал со локалната власт. Ова е договарачка практика која придонесува за нелојална конкуренција.
неформални дискусии за цените на понудите со локалната власт која го води процесот на наддавање за концесија на аеродром. Дали нашата компанија може да биде санкционирана како резултат на овие дискусии?
30
31
Made with FlippingBook - Online magazine maker